Koja e новата инвестициска дестинација во Азија?
Виетнам станува нова инвестициска дестинација во Азија - доаѓаат милијарди.
Процесот на вклучување во индексите ќе се спроведува постепено за да се обезбеди стабилност на финансискиот пазар и да се спречат ненадејни флуктуации на капиталот.
Берзата во Виетнам доби долгоочекувана потврда за надградба во статус на пазар во развој од страна на FTSE Russell, што претставува еден од најважните пресвртници за финансискиот сектор на земјата, објави Ројтерс. Се очекува историската одлука да ги поттикне приливите на странски капитал и дополнително да ја зајакне позицијата на Виетнам во глобалниот финансиски систем.
Регулаторот на пазарите на капитал во Виетнам изјави дека очекува надградбата да им помогне на инвеститорите да се вратат на виетнамскиот пазар на капитал, кој беше под притисок од континуираната распродажба оваа година. FTSE Russell официјално потврди дека Виетнам ќе биде надграден од граничен пазар во секундарен пазар во развој во септември, со што ќе започне постепеното вклучување на земјата во индексите на глобалните берзи. Имплементацијата ќе започне на 21 септември 2026 година.foto Wikipedia/Grayswoodsurrey
Слично
