Која е најпосакувана банкарска акција? Инвеститор плати 500 евра за акција, вложи 1,35 милиони евра
Колку е ценета акцијата на НЛБ Банка во инвеститорската заедница во земјава говори тоа што беа истргувани акции за 1,3 милиони евра по пазарна цена која е речиси идентична со рекордната годишна пазарна цена. А тргувањето се случи во момент кога иако има одлични резултати банката одлучи да ја преполови дивидендата за 2021 година со споредба со дивидендата за 2020 година
НЛБ Банка продолжува да се позиционира како една од трите најпосакувани акции на нашиот пазар на капитал. Одлична позиција на банкарскиот пазар, силен капацитет, лидер во технолошки иновации, ефективна имиџ кампања. Да, и редовна дивиденда! Комбинацијата на сите овие фактори ја прави акцијата на НЛБ Банка да биде една од најпосакуваните хартии од врендост на нашиот пазар. Со популарниот термин што го користат берзанските аналитичари таа хартија е „бест бај“.
Вчера во моментите кога некои инвеститори можеби и се поколебаа во нејзиното ценовно ниво по објавата на бруто дивидендата дојде блага т.е. позитивна и охрабрувачка вест!
Инвеститор во една трансакција плати 1,34 милиони евра за 2.780 акции од НЛБ банка. Цената по која ги плати е всушност вистинско охрабурвање на малите инвеститори. Новиот сопственик плати речиси 500 евра за секоја акција на НЛБ Банка односно поточно 29.800 денари за секоја од тие 2.780 акции истргувани вчера.
Оваа акција вчера го оствари убедливо најголемиот промет на повеќе од скромната понуда на Македонската берза. Само за споредба втора според остварениот промет вчера беше акцијата на „Комерцијална банка“ со 115.000 евра реализација.
Токму оваа трансакција е печат за вредноста на НЛБ Банка во очите на инвеститорите на домашниот пазар на капитал. Затоа што пред да се реализира трансакцијата на сајтот на берзата беа објавени предлозите за претстојното акционерско собрание на НЛБ Банка. Меѓу нив беше и предлогот за дивиденда од 738 денари во бруто износ за секоја акција со право на глас. Тоа е значајно помалку во споредба со дивидендата за 2020 година која изнесуваше 1.787 денари. Тоа значи дека дивидендата е преполовена во однос на претходната година иако банката имаше исклучително добра година во која добивката изнесуваше 35,8 милиони евра што е за речиси 9 милиони евра повеќе од 2020 година. Но заради актуелните макроеномонски услови и економските неизвесности предизвикани од воениот конфликт во Украина банката сосема правилно ги распредели средствата во резервен фонд и во акумулирана добивка (вкупно 22,7 милиони евра од добивката за 2021 година).
Р.Ф.