Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Британскиот неделник „Економист“ ја прогласи Португалија за најнапредна економија во светот, ставајќи ја на врвот на својата престижна листа од 36 најбогати земји. Португалскиот премиер Луис Монтенегро ја нарече оваа награда „фер признание за заслугите и напорната работа на португалскиот народ“. Официјалните проекции покажуваат дека португалската економија ќе продолжи да расте.

Португалија e на врвот на листата од 36 држави благодарение на комбинацијата од стабилна инфлација, солиден раст на БДП, добра вработеност и исклучителни пазарни перформанси, пишува „Економист“.

Веднаш зад Португалија се Ирска и Израел, а минатогодишниот лидер Шпанија падна на четвртото место, кое сега го дели со Колумбија. Чешка и Грција се исто така високо рангирани, што го потврдува силниот економски моментум на јужна Европа.

Некои земји од Централна и Источна Европа како Словачка, Финска и Естонија беа на дното на листата.

foto Wikipedia/ Pedro S Bello 

Слично

Поврзани вести