Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е „Ф-Групација“ чии објекти горат во Трубарево: Постои од 1998 година, а еве и каква е нејзината заработка низ годините

Која е „Ф-Групација“ чии објекти горат во Трубарево: Постои од 1998 година, а еве и каква е нејзината заработка низ годините

„Ф-Групација“ која се занимава со електронски отпад претрпува непроценливи штети во пожарот кој ги зафати нејзините објекти во скопско Трубарево. Фирмата не е непозната за јавноста - работи од 1998 година и е во сопственост на Даниела Налепа-Дамеска, која почина годинава, а од февруари годинава, управителка е нејзината ќерка Лора Дамеска.

Фактор и претходно има пишувано за „Ф-Групација“, која е меѓу фирмите кои обработуваат и отстрануваат опасен отпад. Фирмата е овластена за преземање отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии, но и акумулатори, литиум-јонски батерии од апарати и возила и секаков електронски отпад. 

Низ годините, приходите на оваа фирма растеле, но заедно со нив и расходите. Добивката пак, низ годините доживува вистински осцилации. „Ф-Групација“ ја завршила 2022 година со приходи од 268 илјади евра, но по расходите имала добивка од 14 илјади евра. Во 2023 година, приходите биле поголеми - 279 илјади евра, но се намалиле расходите, па така, фирмата останала со добивка од 50 илјади евра. Приходите растеле и лани. Фирмата ја завршила 2024 година со над 347 илјади евра, но заедно со тоа, растеле и расходите. Добивката на фирмата лани изнесувала над 8 илјади евра.

Налепа-Дамеска пак, управуваше и со подружницата на „Ф-Групација“, „ЕЕ-Рециклажа“, но бeше и основач на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад - членка на меѓународната организација за цврст отпад.

Пожарникарите се уште се борат со пожарот кој избувна во објектите на „Ф-Групацијата“. Опасниот електронски отпад кој е опфатен со пожарот пак, ќе се изолира и ќе се гасне со песок. 

Александар Тодески


Поврзани вести:

ОСТАНЕТЕ ВНАТРЕ, ЗАТВОРЕТЕ ПРОЗОРЦИ И АКО МОРА ДА ОДИТЕ НАДВОР НОСЕТЕ МАСКИ - се огласи Инситутот за јавно здравје

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО - прво се запалила фирмата „Ф-Групација“, потоа пламените јазици ги зафатиле соседните објекти

ПОЖАР ВО ТРУБАРЕВО - граѓаните револтирано споделуваат фотографии на социјалните мрежи

Слично

Поврзани вести