Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е единствена земја која користи дури 9 валути ?

Која е единствена земја која користи дури 9 валути ?

За повеќето луѓе промената на пари во една валута е збунувачка, а замислете да мора да следите дури девет ...

Овој факт тешко им паѓа на бизнизмените во Зимбабве, кои се принудени да бидат во улога на девизни трговци, откако нивната национална валута е срушена и повлечена од употреба.

Имено, Зимбабве веќе неколку години нема национална валута, а се поради неуспешниот договор со Меѓународниот монетарен фонд.

Владата на оваа држава одлучила покрај американскиот и австралискиот долар да воведе и јужноафрички ранд, британска фунта, јапонски јен, кинески јуан, индиски рупи и афричка пула.

„Повеќето валути постојат во целта на тргувањето“, рекол гувернерот  на банката во Зимбабве.

„Педесет одсто од нашата трговија се одвива со Кина и Јужна Африка, така да мораме да допуштиме трговија во разни валути“, додал тој.

На улиците на главниот град Харареа, повеќето најчесто го користат американскиот долар, но трговците се принудени да прифатат различни валути.

Во близина на границата со Јужна Африка и Боцвана популарни се рандот, пулата и еврото. Сепак, популарноста на рандот неодамна опадна, откако минатата година „потонал“ за 30 одсто.

Валутната криза во Зимбабве почна во 2000 година, кога владата спроведувала агресивни земјишни реформи. Комбинацијата од санкции и загуби на довербата во економијата довела до пад на доларот во оваа земја.

Слично

Поврзани вести