Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која државна компанија работи домаќински

Која државна компанија работи домаќински

Државната компанија за организирање на игри на среќа се покажа не само како одржлива туку и многу профитабилна фирма. Лани добивката на Државна лотарија на Македонија надминува 8 милиони евра. Приходите од лото надминаа 2,2 милиони евра, од грепки достигнаа 1,8 милиони евра. Главниот збор го имаат приходите од видео лотарија. Тие надминаа 30 милиони евра со годишна стапка на раст од 45 отсто

Државната лотарија на Македонија, компанија за приредување игри на среќа, лани оствари профит од 8,1 милиони евра од приходите кои изнесуваат 34,12 милиони евра, покажуваат податоците објавени во консолидираните финансиските извештаи на независната ревизија, достапни на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Добивката лани во споредба со 2017 година пораснала за 2,9 милиони евра.


Неодамна Фактор пишуваше и за темата „Џедајот се враќа“! Кој ќе ја води „Лотарија на Македонија“ ?


Податоците покажуваат дека профитната маргина (нето добивка како дел од вкупни приходи) на Државна лотарија на Македонија е безмалку четвртина од приходите на компанијата. Важно е да се потенцира дека консолидираните приходи ги прават два субјекта. Фирмата мајка „Државна лотарија на Македонија“ и придруженото друштво Државна видео литарија во која мајката има 51 тсто од уделите. Од извештајот се гледа дека главниот бизнис  го прави фирмата ќерка и нејзиниот приход од продажба лани е 30,15 милиони евра. Приходот на фирмата ќерка бележи раст од 9,4 милиони евра. Освен Државна лотарија на Македонија во Државната видео лотарија содружник е и австриската фирма Касинос Аустриа која има искуство во приредување електронски игри на среќа, а од фирмата мајка и е дадено правото да ги приредува и електронските игри на среќа на територијата на цела земја.

Од класичните игри на среќа кои ги приредува Државна лотарија на Македонија инкасирала приходи од 4 милиони евра. Најголем приход има од „Ново лото“ кое е најтрадиционална игра на среќа. Приходот изнесува 1,28 милиони евра и во споредба со 2017 година е поголем за 114.000 евра. Вкупниот приход од сите игри на среќа лани бил 2,2 милиони евра. Најдоходовна игра со грепки е „Паркирај хибрид“ и од нив приходот е 359.000 евра. Вкупниот приход од сите инстант игри е 1,8 милиони евра и во споредба со 2017 година пораснал за 821.000 евра.

На страната на расходите најголема ставка се провизиите за извршени услуги од соработници за што Државна лотарија на Македонија платила 13,37 милиони евра што е 53 отсто од вкупните трошоци кои лани изнесуваат 25,3 милиони евра. Кко резултат на успешното работење , минатата година компанијата донела одлука и поделила 1,25 милиони евра за дивиденда. 

Успешни резултати на Државната лотарија се исклучок од вообичаените односно од оние кој може да се регистрираат кај останатите фирми во државна сопственост.  Државна лотарија покажа дека доколку има домаќински менаџмент и државна компанија може успешно да стопанисува. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести