Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која државна фирма е златната кокошка со наплата на 30,8 милиони евра за 9 месеци?

Која државна фирма е златната кокошка со наплата на 30,8 милиони евра за 9 месеци?

Јавното претпријатие за државни патишта за првите три квартали, лани има вкупни приходи од патарини, регистрации и акцизи од горива во вкупен износ од 87 милиони евра, покажуваат податоците достапни во кварталните извештаи на ова државно претпријатие за периодот јануари – септември лани.

Популарно нареченото ЈПДП, кое е задолжено за инвестиции во целата национална патна инфраструктура, годинава го зголемило наплатениот износ од патарини на државните патишта во споредба со истиот период лани.

За првите девет месеци во 2018 година ЈПДП од патарини инкасирало 30,77 милиони евра и тоа е 815.000 евра повеќе од истиот период лани кога од патарини биле наплатени 29,957 милиони евра. Сепак патарините не се најголемата односно најважната приходна ставка на компанијата. Од буџетот за првите девет месеци минатат година на ЈПДП му се префрлени 36,51 милиони евра за акцизи што држават ги наплаќа од продажбата на дериватите. Значајна приходна ставка е „инкамот“ од регистрација на возила: од тоа за првите девет месеци ЈПДП добил 19,168 милиони евра.

Според достапните официјални податоци оваа државна фирма на крајот на септември лани имала 444 вработени лица, а просечната нето плата е 30.532 денари. Најголем дел од вработените во ЈПДП се инкасантите на наплатните рамки на оваа компанија.


Р. Ф.

Слично

Поврзани вести