Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која азиска држава ќе ослободува резерви на нафта?

Која азиска држава ќе ослободува резерви на нафта?

Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека Токио планира да ослободи  стратешки резерви на нафта од почетокот на мај за уште дополнителни 20 дена, откако веќе започна да ослободува околу 50 дена резерви кон средината на март.

Планот беше презентиран на министерски состанок посветен на ситуацијата на Блискиот Исток, објави Кјодо.

Такаичи изјави дека владата ќе преземе сите мерки за да обезбеди стабилно снабдување со сурова нафта, нагласувајќи дека Јапонија добива повеќе од 90 проценти од својот увоз од регионот на Блискиот Исток, при што повеќето пратки минуваат низ Ормутскиот теснец.

Oткако на 28 февруари САД и Израел го нападнаа Иран, попоречен е протокот на стоки низ Ормутскиот теснец. 

foto freepik.com/jannoon028

Слично

Поврзани вести