Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој знаел предвреме? САД истражуваат милијардски нафтени зделки пред најавите за Иран

Кој знаел предвреме? САД истражуваат милијардски нафтени зделки пред најавите за Иран

Американските власти проверуваат серија големи трансакции на пазарот на нафта, извршени непосредно пред клучни најави поврзани со војната во Иран, по кои цените на нафтата нагло паѓале.

Според Еј-Би-Си Њуз, Министерството за правда на САД, заедно со Комисијата за тргување со фјучерси на стоки, ја разгледува улогата на најмалку четири големи пазарни потези, вредни повеќе од 2,6 милијарди долари. Трговците се позиционирале на пад на цените на нафтата непосредно пред јавни изјави на американскиот претседател Доналд Трамп и на ирански функционери.

Случаите што се проверуваат се од март и април. Една од трансакциите, вредна над 500 милиони долари, била направена околу 15 минути пред Трамп да најави одложување на заканите за напад врз иранската електроенергетска инфраструктура. Потоа следеле позиции од 960 милиони долари пред најавата за привремен прекин на огнот, 760 милиони долари пред објавата дека Ормуската Теснина повторно е отворена, како и уште 430 милиони долари пред продолжувањето на примирјето.

Ројтерс, пак, објави дека пошироката анализа на податоците од берзите покажува дека слични позиции, распоредени низ повеќе договори и деривати, можеби достигнале околу 7 милијарди долари. Во тој износ биле вклучени договори поврзани со сурова нафта, дизел и бензин на големи светски берзи.

Засега не е објавено кој стои зад трансакциите, ниту има официјален заклучок дека е сторено кривично дело. Но, според американските медиуми, времето, големината и повторувањето на овие пазарни потези ги натерале регулаторите да проверат дали некој користел доверливи информации за финансиска добивка.

Слично

Поврзани вести