Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koj зема највисоки плати во Македонија?

Koj зема највисоки плати во Македонија?

Компјутерските програмери во декември минатата година заработиле во просек по 76.223 денари. 

Највисoки плати земале вработените во информатичката дејност и комуникациите каде што просекот на нето исплатена плата е 56.998 денари. Во  телекомуникациската дејност, пак, просекот е  50.034 денари. Зад нив се вработените во фармацевтските компании со просек од 47.940 денари и  финансиските дејности и осигурувањето каде што просекот е 46.795 денари. Во енергетскиот сектор просекот е 40.530 денари. Високи плати се исплатени и во дејности на организации врз база на зачленување каде што просекот е  40.840 денари.  Од производните сектори највисоки просеци на плати се исплатени во рударството и вадење камен  каде просекот изнесува 39.655 денари. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  декември 2020 година во однос на декември 2019 година е зголемена за 5,4 отсто и изнесува 28.294 денари.

За споредба, синдикалната минимална кошничка во јануари изнесувала 33.650 денари. 


foto freepik

Слично

Поврзани вести