Кој зема највисока плата во Македонија?
Државните функционери и понатаму се најплатени, покажуваат податоците од Дравниот завод за статистика за структура за заработувачка. Тие имале просечна заработувачка од 342 денари на час, во октомври 2014 година.
Веднаш после нив најплатени биле експертите со 232 денари на час, па научниците и на крајот службениците. Меѓу најплатените се најдоа и компјутерските програмери и финансиски услуги како и пилотите имаат највисоки плати во земјава.
Според податоците, просечната плата на пилотите е 68.166 денари, додека програмерите земаат плата од 50.097 денари.
После нив се банкарите со 43.700 и фармацевтите со 41.619 денари. Овие професии имаат двојно повисока плата од македонската просечна плата која изнесува 22.000 денари.
Градежниците кои се сметаат за едни од најбараните на пазарот на трудот земаат плата од 19.000 денари, а здравствените и социјалните работници земаат плата од 24.500 денари.
На последно место се наоѓаат платите во угостителството, текстилната индустрија и рибарството. Нивната просечна плата се движи до 13.00 денари. Просечната плата на вработените во јавната администрација изнесува 26.368 денари.
