Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој заработува од сириската нафта?

Кој заработува од сириската нафта?

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека САД ќе заработи секој месец милиони долари од сириската нафта, додека нивната војска е таму. 

„Ќе ја задржиме нафтата, запаметете го тоа. Тоа ќе бидат 45 милиони долари профит месечно“, вели тој. 

Русија и сирискиот претседател Башар Асад, бурно реагираа на ова. 

„Се работи за пари и се работи за нафта. Секако дека сме лути, секој Сириец е лут. Ова е кражба“, вели Асад. 

Америка во октомври најави повлекување, но беше кажано дека ќе останат 500 војници да ги контролираат нафтените полиња. 

Тој дел е под контрола на курдските сили и тие најмногу заработуваат од нив. 

Русија за тоа време  помага на силите на сириската влада за да ја преземе контролата.  ириската влада имала приходи од нафтата и гасот, иако нивните резерви се значително помали од оние на Блискиот Исток. 

фото АП

Слично

Поврзани вести