Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kој заговара крај на доминацијата на доларот?

Kој заговара крај на доминацијата на доларот?

Две земји се против доминација на доларот. 

Русија и Кина размислуваат за поврзување на своите платежни системи, вели рускиот премиер Дмитриј Медведев и повика на изградба на поурамнотежена глобална финансиска структура.

Медведев потсети дека Русија развива свој платежен систем познат како „Карта Мир“. Се смета дека со тоа би се избегнале проблемите кои се создаваат со користењето на американските платежни системи.

„Во моментов се разговара за тоа дали „Карта Мир“ треба да се поврзе со кинескиот платежен систем“- вели Медведев. 

Во настојувањето да се ослободи од зависноста од доларот, Русија се обидува да постигне договор за плаќање во други валути за нафтата и гасот кои ги продава на глобалниот пазар.

Москва престана и да зависи од „Виза“ и „Мастеркард“ и останатите западни механизми и воведе своја дебитна картичка. Западните компании кои пружаат услуги за плаќање со кредитни картички престанаа тоа да го прават преку руските банки откако САД ѝ воведоа санкции на Москва поради агресијата во Украина и анексијата на Крим.

Инаку, кредитната картичка „Мир“ се користи и на Крим каде е забрането работењето на западните банки во рамки на санкциите што ги воведоа ЕУ и САД.

Економистите велат дека санкциите ја разнишаа руската економија. 

Слично

Поврзани вести