Кој во Скопје врти милиони евра од кетеринг услуги и послужување храна?
Кој знае и го бива, од кетеринг или приготвување и послужување храна врти големи пари. Кетерингот и послужувањето храна бараат посветеност, прецизност, дисциплина, висока професионалност. Се работи за храна и тука нема импровизации... Барем за тие што работат во пазарна конкуренција. А кога ќе се видат нивните профити излегува дека сите му служат на народот. Прочитајте кои се најголемите послужувачи и приготвувачи на храна...
Кетерингот, подготовката и послужувањето храна можат да бидат профитабилни бизниси од кои во Македонија се прават милиони евра. Тоа се оние професионалци кои работат од позадина и се „невидливи“, а се грижат на семејни или корпоративни прослави да „има од пиле млеко“ за да се грицне и боцне нешто вкусно. Кетерингот и послужувањето храна во земјава зема замав, а веројатно и некои ресторани за големи прослави се потпираат на услугите на „невидливите“.Луѓето ги менуваат навиките и растат нарачките од кетеринг фирми.
Верувале или не бројките покажуваат дека кетеринг компаниите и тие што подготвуваат и послужуваат храна знаат да прават поголеми приходи и од ресторани. Тие зависат едни од други. Во Македонија има успешни компании кои знаат и можат да брцнат во колачот и да го шират бизнисот.
Турската компанија БТА Македонија која го опслужува скопскиот аеродром лани е лидер во продажба на храна за носење и послужување. Лани од продажба на храна и услуги на аеродромот остварила приход од 4,8 милиони евра. Нејзината добивка лани изнесува 588.000 евра, а таа компанија ангажирала 104 вработени лани.
Следен на ранг листата според остварени приходи е скопски Индустри Сервисис. Оваа компанија лани оствари приход од 3,8 милиони за добивка којаодвај надмина 2.000 евра. Компанијата ангажираше 148 вработени.
Парти Сервис Лео од Скопјее трет во конкуренцијата на кетеринг компаниите од аспект на остварените приходи лани. Тие изнесуваат 3,5 милиони евра, а добивката е 67.000 евра. Оваа компанија е најголем работодавач во оваа услужна индустрија, а лани ангажирала 155 лица.
Од компаниите специјализирани за доставување храна за посебни прилики (кетеринг) лани одличен резултат имала скопската фирма Далма Фуд Кетеринг Сервис. Ова друштво лани остварило приходи од 3,3 милиони евра. Профитот на компанијата лани изнесува 27.000 евра.
Битолската фирма Марио Матео лани остварила добивка од 134.000 евра, а приходите од дејноста кетеринг изнесуваат 2,5 милиони евра. Ова друштва вработува 13 лица што е убедливо најмалку во оваа конкуренција.

