Кој влезе во новиот борд на директори на Макстил
Макстил АД Скопје ја финализираше и официјализираше постапката за избор на нови членови на Одборот на директори кои добија нов четиригодишен мандат да ја предводат компанијата.
Макстил за нов неизвршен член на Одборот на Директори за Претседател на Одборот на Директори на Друштвото со мандат од 31.01.2018 година го избра Димитар Цветковски.
Избрани се и двајца извршни членови на Одборот на директори. Функцијата генерален директор на Макстил АД Скопје избран е да ја извршува Иван Бановски на кого мандатот веќе му е започнат и ќе му трае четири години од денот на започнување на функцијата..
Макстил го избра Петар Јанески за извршен
член на Одборот на Директори во функција на директор за економика на МАКСТИЛ АД
Скопје, со мандат од 31.01.2018 година.
