Кој тип на домаќинства во Македонија се најсиромашни?
Секој петти граѓанин во Македонија е сиромашен.
Стапката на сиромаштијата во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 отсто, покажуваат Лаекенските индикатори за сиромаштијата пресметани од Државниот завод за статистика(ДЗС).
Податоците се добиени врз основа на Анкетата за приходите и условите за живеење, спроведена согласно препораките на Европската Унија, при што прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.
Во 2024 година, стапката на сиромашни лица пред социјалните трансфери изнесувала 39,4 отсто, додека по социјалните трансфери таа се намалила на 21,9 отсто. Стапката на сиромаштија пред социјалните трансфери со вклучени пензии изнесувала 24,0 отсто
Стапката на сиромаштија кај домаќинствата составени од двајца возрасни и две издржувани деца изнесувала 17,1 отсто, додека кај самохраните родители со издржувани деца достигнала 45,8 отсто. Кај домаќинствата со двајца возрасни и три или повеќе издржувани деца, стапката изнесувала 54,8 отсто.Анализата по возрасни групи покажува дека 29,5 отсто од лицата на возраст од 0 до 17 години биле под ризик од сиромаштија, додека кај лицата на возраст од 18 до 64 години стапката изнесувала 20,0 отсто, а кај лицата на 65 и повеќе години — 20,1 отсто.
foto freepik.com
