Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој стои зад „Македонските анонимуси“ ?

Кој стои зад „Македонските анонимуси“ ?

Во македонската јавност денеска се појавија  „Македонски анонимуси“ кои преку видео порака упатија закани до опозицискиот лидер дека ќе ги објават тие работи кои тој нема да ги објави бидејќи како што посочуваат ги хакирале компјутерите на СДСМ и наводно дошле до материјали кои Зоран Заев имал намера да ги сокрие во аферата со прислушувањето.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/02/16/video-makedonski-anonimusi-prakaat-zakana-do-liderot-na-opozitsijata/" target="blank" ] (ВИДЕО) „Македонски Анонимуси“ праќаат закана до лидерот на опозицијата[/button]

Фокус  пренесува дека до нивната редакција пристигнало укажување со кое се посочува на злоупотреба на вработени од МВР. Групата,  под лажно име „Македонски анонимуси“, во која некои пристапиле доброволно, а дел под принуда, деновиве треба да лиферува снимки од телфонски раговори добиени со неовластено прислушување.

Како што пренесува горе спомнатиот медиум загрижениот анонимус посочува  дека групата со партиска координација  проценила дека медиумското внимание што го привлекуваат прес конференциите на Зоран Заев кај домашната и меѓународната јавност, но и објавувањето на сериозните злоупотреби на државните функционери, може да се неутрализираат единствено преку контра –кампања од страна на „Македонски анонимуси“, или поточно од МВР. Загрижен за претстојните најави и дејствувања на оваа група, која нашиот извор ја преставува како дел од злоупотребениот државен апарат, тој укажува за дезорганизираноста и партиската послушност на луѓето кои свесно влегле во оваа очигледна противзаконска активност.

Тој до редакцијата на Фокус оставил порака дека има намера случајот да го пријави во институциите, но се плаши дека нема да добие соодветна заштита знаејќи дека надлежните не  реагираат на објавените скандали за власта преку снимките кои ги објави Заев, а не пак да застанат на негова страна како поединец. Во страв за својата работа и живот, а свесен дека се подготвува нешто опасно, преку медиумите се обидува да ја анимира јавноста, односно да ги спречи колегите анонимуси да преземат нешто во кое и самите не веруваат.

Целите сознанија прочитајте ги овде.

Слично

Поврзани вести