Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој сепак слета во Етихадовото јато?

Кој сепак слета во Етихадовото јато?

Управниот одбор на италијанската авиокомпанија „Алиталија“ ја прифати понудата по неколкумесечни преговори „Етихад ервејс“ да купи 49 отсто од сопственоста на „Алиталија“.

„Денеска е одобрен „Етихадовиот“ план и Одборот си делегираше себе си и на претседателот да ги разгледаат и набрзо да излезат со нацрт на кончениот договор“, соопшти генералниот директор на „Алиталија“ Габриел Дел Торкио.

Компанијата од Абу Даби е подготвена во „Алиталија“ да инвестира до 1,25 милијарди евра во наредните четири години, пренесува Ројтерс.

Италијанскиот водечки авио-превозник, кој минатата година доби пакет помош од Италијанската влада од 500 милиони евра за спасување на компанијата се најде под ризик да остане без готовина до август, освен доколку не пронајде бизнис партнер „богат со готовина“, додава британската агенција.

Слично

Поврзани вести