Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој се претставувал како Илија Димовски?

Кој се претставувал како Илија Димовски?
Функционер на опозициската СДСМ се претставувал како директорот на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски и барал од членови на партијата да достават список од 10 лица кои на претстојните избори ќе гласаат за партијата на власт, објави Димовски попладнево на вонредна пресконференција. Според ВМРО ДПМНЕ, советникот на СДСМ од Неготино Диме Витанов, користејќи службен телефонски број што го добил како општински советник, се обидел да ги навлече членовите на ВМРО ДПМНЕ да понудат листи со имиња за гласање. „Да е скандалот поголем, овој функционер, портпарол на СДСМ и советник на СДСМ во Општина Неготино, Диме Витанов, се претставува дека е Илија од Центарот за комуникации. Лажно се претставува, што е кривично дело според важечките закони во Република Македонија“, вели Димовски. Тој најави дека против Витанов ќе поднесе кривична пријава за лажно претставување, а од надлежните институции бара да го испитаат целиот случај. „Не можеме да разбереме дека СДСМ се занимава со вакви детски работи, со вакви глупости. На што трошат време и енергија? Не седнале да напишат програма. Не седнале да си ја средат партијата, кадровски да ја подобрат, туку се занимаваат со глупави сплетки. Нема ништо паметно во овие нивни постапки“, вели Димовски.
Слично

Поврзани вести