Кој се може да поднесе барање за отпис на камати за социјални придонеси во УЈП?
Од Управата за јавни приходи потсетуваат дека барањата за отпис на камати за социјалните придонеси е до крајот на годината односно до 31 декември.
Кој се може да поднесе барање за отпис на камати ?
Овој вид на отпис важи за сите оние обврзници кои најдоцна до 31 декември ќе поднесат барање за отпис на камати по основ на достасани обврски за социјални придонеси, односно сите работодавачи, самовработени лица, индивидуалени земјоделци, верски службени лица или државни институци (подносители на пресметки на бруто плата) можат да поднесат Барање за отпис на камати (образец “БОК-ПЗСО/1“) до Управата за јавни приходи.
Оваа обвврска важи за достасани обврски за социјални придонеси кои кои настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година, односно кои произлегуваат од месечни пресметки на бруто-плата (МПИН) за период најрано од јануари 2009 година, а најдоцна до декември 2014 година; кои се утврдени со конечна месечна пресметка на бруто-плата (МПИН); и не се платени на денот на поднесување на барањето.
Барањето "БОК-ПЗСО/1" може да се преземе од веб страницата на УЈП (видиhttp://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/163).
