Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој се денеска ќе сведочи во СЈО?

Кој се денеска ќе сведочи во СЈО?

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и член на ДИК, Силвана Бонева, Самка Ибраимовски од ПЦЕР и други личности од политичкиот живот денеска треба да одат на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Од партијата на Ибраимовски потврдија дека тој е повикан како сведок поради изборни измами и дискриминација по етничка припадност, што произлегуваат од прислушуваните разговори кои се предмет на истрагата. И Тачи потврди дека ќе сведочи во СЈО.

Претходно специјалната обвинителка, Катица Јанева, најави дека го зголемува интензитетот на истрагите и дека во СЈО ќе има поголема фреквенција.

Слично

Поврзани вести