Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ САКА И ДА УЧИ И ДА РАБОТИ: За дуалното образование во Велес има уште слободни места

КОЈ САКА И ДА УЧИ И ДА РАБОТИ: За дуалното образование во Велес има уште слободни места

Од Германската комора во земјава потсетуваат дека има уште 10 слободни места во паралелките за дуално стручно образование во Велес. Таму учениците ќе се образуваат по германскиот модел, а истовремено и ќе работат во компаниите „Маркарт“ и „Брако“. 

„Овој период од годината е исполнет со многу активности во рамките на дуалното стручно образование по германски модел, период во којшто се одвиваат уписите на учениците во средните стручни училишта. Досега се пријавени 80 ученици за слободните места во паралелките за дуално стручно образование. Во Велес сè уште има десет слободни места за образовниот профил „Техничар за производно машинство“, а учениците коишто ќе се запишат на овој профил, ќе може да ја извршат својата практична обука во компаниите „Маркарт“ и „Брако“. Ова е воедно и повик до сите оние, коишто познаваат млади талентирани деветтооделенци од Велес, коишто покажуваат афинитети кон техничките науки, да ја разгледаат оваа можност за продолжување на образованието и да се пријават во одделението за дуално стручно образование“, вели во својата изјава за медиумите Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава.

Слично

Поврзани вести