Владата ќе дава 50 илјади евра на компании што ќе воведат ХАЛАЛ стандард
Со околу 50 илјади евра идната година Министерството за економија ќе финансира десет компании кои ќе изразат желба да имплементираат ХАЛАЛ стандард при своето производтво. Според министерот за економија, Ваљон Сарачини, овие пари треба целосно да ги покријат трошоците на компаниите кои ќе аплицираат на јавен оглас за оваа помош.Во земјава 11 компании веќе имаат имплементирано ХАЛАЛ-стандард, а четири се во процедура за негово воведување.
Како информираше генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, неговата компанијата има воведено ХАЛАЛ во 2012 година во програмата билкарство, што пак помогнало при извоз во арапските земји. Слично искуство имаат фабриката „Макпрогрес“ од Виница.
Светскиот пазар на ХАЛАЛ-производи се проценува на 650 милијарди долари годишно, а европскиот ХАЛАЛ-пазар на околу 66 милијарди евра годишно. Интересно е тоа што две третини од консументите на ХАЛАЛ-производи во земјите од Западна Европа не се муслимани, туку ги применуваат овие производи како синоним за здрава храна.
Рокот за аплицирање за владината помош е отворен од 27 јануари, а барањата ќе се поднесуваат во Министерството за економија.
Слично
