Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој регион има најголемо, а кој најмало учество во БДП?

Кој регион има најголемо, а кој најмало учество во БДП?

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија, во 2014 година, има скопскиот регион со 42.8%, додека, пак, најмало учество има североисточниот регион со 5.0%.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат скопскиот регион со индекс 143.6, југоисточниот регион со индекс 119.2, вардарскиот регион со индекс 107.5.  Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија.

Вардарски регион учествува со 8%, источен со 8.2%, јуогозападен 7.9%, југоисточен 10%, пелагониски 11.1%,  и полошки 7.1%. 

Дневната миграција на работната сила придонесува во даден регион да се создаде бруто-домашен производ кој не е резултат на резидентното население. 

Податоците не ја прикажуваат развиеноста на регионите од аспект на приходите на населението. Тоа значи дека многу граѓани од останатите региони придонесуваат во создавањето на БДП за одреден регион, а заработените приходи ги префрлаат во регионите каде што живеат (како што е, на пример, случајот со скопскиот регион). 


Слично

Поврзани вести