Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ПРОГРАМЕР НЕ Е ВАКЦИНИРАН: Србија им нуди три вакцини на ИТ професионалците од странство

КОЈ ПРОГРАМЕР НЕ Е ВАКЦИНИРАН: Србија им нуди три вакцини на ИТ професионалците од странство

Дигитални професионалци од странство, ако претходно не биле вакцинирани и кои веќе го искористиле своето право да влезат во Србија врз основа на негативен тест ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, сега добиваат можност да се вакцинираат во посебни термини во оваа земја. Им се нудат трите вакцини: Pfizer-BioNTech, Sinopharm или Sputnik V. 

На седница на српската Влада бил усвоен Заклучок за започнување програма за обезбедување посебни услови за вакцинација против COVID-19 за дигитални номади кои се во посета на Србија.

Формуларот за апликација за оние кои се заинтересирани за вакцинација е достапен на веб-страницата, и секој што ги исполнува потребните услови и презентира валиден доказ за работна активност како дигитални номади, добива можност да го закаже датумот на вакцинација.

Со донесување на овој заклучок и обезбедување на специјална програма за вакцинација, поддржана е меѓународната кампања на иницијативата „BeogradGets.Digital“. Целта на кампањата е да се подобри позицијата на Белград и Србија како една од 20-те најатрактивни дестинации во светот за дигитални номади.


Слично

Поврзани вести