Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој признава, пола му се простува: Нови сообраќајни правила во Србија!

Кој признава, пола му се простува: Нови сообраќајни правила во Србија!
Возачите кои ќе направат сообраќаен прекршок во Србија од 20 август ќе добијат можност да се нагодат со полицијата и да платат помала казна. Имено, доколку склучат спогодба со која го признаваат сообраќајниот прекршок, тие ќе можат да си издејствуваат најблага можна казна од предвидените. Одредбата не важи за сообраќајни прекршоци за кои е предвидена фиксна парична казна, а полицајците ќе мора да внимаваат да не склучуваат спогодби и со возачи кои во претходната година се правосилно осудени за прекршок од областа на безбедноста во сообраќајот. Прекршоците за кои возачот ќе може да се нагодува со полицијата вклучуваат пречекорување на брзината до 20км/час во населено место, 40 км/час надвор од населено место или алкохолизираност со степен меѓу 0,5 и 1,2 промили. За вакви прекршоци согласно српските закони се предвидени парични казни меѓу 6.000 и 20.000 динари, а возачите кои ќе се нагодат ќе ја добијат најниската. Доколку потпишат Спогодба за признавање на прекршокот, возачите не само што можат да се спасат од максимална казна, туку и да се заштитат од одземање на возачката дозвола. Мерката, според српските власти, е донесена со цел да се растоварат судовите од делата поврзани со сообраќајни прекршоци и да се зголеми ефикасноста во решавање на овие предмети.  
Слично

Поврзани вести