ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koј поседува најмногу луксузни јахти во Црна Гора?

Koј поседува најмногу луксузни јахти во Црна Гора?

Србите и Русите поседуваат најмногу луксузни јахти во Црна Гора.

За помалку од три години, бројот на луксузни јахти регистрирани во Црна Гора се зголеми за дури 77 проценти, од 298 на 528 бродови во сопственост на 49 земји.

Најзастапените сопственици се од Србија (161) и Русија (121), кои заедно сочинуваат повеќе од половина од вкупниот број, пишува сајтот bankar.me.

По нив следуваат Црна Гора со 75 јахти, потоа Украина (20), Соединетите Американски Држави (19), Босна и Херцеговина (16), Израел (10) и Естонија, Германија и Швајцарија со осум до девет пловила.

Иако Црна Гора има либерален режим на регистрација и бенефиции кои се привлечни за граѓаните на ЕУ, сопствениците од Европската Унија сочинуваат само осум проценти од сите јахти - односно 43 од вкупно 528.

Ова укажува дека црногорскиот регистар првенствено привлекува нерезиденти надвор од Унијата, особено од регионот, постсоветскиот простор и земјите со силна традиција на морски туризам.

Растот на јахти регистрирани во Црна Гора е стабилен и долгорочен, а само во претходните 12 месеци, бројот се зголемил за 10,7 проценти, што укажува на забавување на растот во споредба со претходниот период, но сепак укажува на висока привлечност на запишувањето.

Регистарот вклучува и сопственици од земји кои не се поморски сили - како што се Казахстан, Белорусија, Индија, Албанија, но и оние со развиена морска инфраструктура, вклучувајќи ги Австралија, Израел, САД, Хонг Конг, Перу, Саудиска Арабија и Кајманските Острови.

foto Just dance/Shutterstock

ad
Слично

Поврзани вести