Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ПОМИНАЛ, ПОМИНАЛ: Унгарија ја запечати границата за мигранти

КОЈ ПОМИНАЛ, ПОМИНАЛ: Унгарија ја запечати границата за мигранти

Обидите за нелегален влез на унгарска територија од страна на илегалните мигранти нагло се намалија по воведувањето на новите мерки за заштита на нашата граница. Ова го изјави советникот за национална безбедност во владата на Виктор Орбан, Дорд Баконди. 

Во интервју за државната телевизија во Будимпешта Баконди изјавил дека двојната ограда долж границата со Србија довела до „драматичен пад на обидите за нелегално преминување. 

„Во пракса ние ја запечатуваме границата за секој илегален обид за влез на унгарско земјиште од страна на мигрантите“, рече уште советникот на премиерот Виктор Орбан.

Потсетуваме дека од вторникот, 28 март, унгарските власти ги враќаат сите азили назад. 

Целта на новите мерки е да не им се дозволи на мигрантите со нејасен статус слободно да се движат во земјата и на територијата на Европската унија. 

На овој начин си ги намалуваат ризиците за безбедноста. Оние кои сакаат да добијат азил, ќе треба да аплицираат само во транзитните зони на унгарско-српската граница крај Томпа / Келебија / и Реске / Хоргош /. 

Таму има 324 центри и во нив се сместени околу 100 мигранти. Привремено се предвидува зголемување на капацитетот за прием во овој центар. Транзитните зони се отворени 24 часа и мигрантите ќе добиваат информации на нивниот мајчин јазик. Тие ќе добиваат одговор на барањето во центрите. 

Само малолетниците под 14 години, може да бидат сместени во некои од социјалните центри во внатрешноста на земјата. Во центрите има соби со кревети, топла вода и обезбедени оброци три пати на ден, а за децата - 5 пати. Во транзитните зони има и медицински тим, интернет, телевизија и места за верски молитви. Откако добијат откажување мигрантите веднаш треба да ја напуштат транзитната зона. 

Во 2015 година Унгарија крена ограда долж границата со Србија и Хрватска. Во текот на летото и есента 2015 година преку територијата на Унгарија по т.н.. „Балкански пат“ поминаа над 450 000 мигранти.

Слично

Поврзани вести