Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој побара проценката дали има услови за избори да се одложи за утре?

Кој побара проценката дали има услови за избори да се одложи за утре?

Наместо денеска, проценката дали има услови за фер избори ЕУ и САД ќе ја соопштат утре.

Како што соопштија од американската амбасада меѓународниот фактор утре ќе го соопшти извештајот на ЕУ и САД.

Според информациите на дел од медиумите опозицискиот лидер Зоран Заев не побарал од претставниците на меѓународната заедница да го одложат објавувањето на оценката за утре.

Од партијата на Заев биле изненадени кога слушнале дека и денеска проценката се одложува и дека како причина било наведено дека е по  барање на лидерите на политичките партии.

Сличен е ставот и на владечката партија:

„ВМРО-ДПМНЕ не побарала извештајот да се објави утре. Остануваме на ставот дека изборите треба да се одржат на 24 април и за ова веќе е одлучено. Очекуваме ДИК да ги создаде условите за одржување на изборите.“

Според неофицијалните информации на дел од медиумите одложувањето на објавувањето на оценка се прави за да се остави простор партиите да договорат што по објавувањето на оценката.

Она што требаше да го соопштат Амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли е дали се исполнети трите клучни услови околу одржувањето на изборите, а тоа се состојбата во медиумите, прочистувањето на избирачкиот список и одвоеноста на партијата од државата.

Засега исходот од проценката е неизвесен, а имајќи го предвид фактот дека работните групи уште се без договор за регулацијата на медиумите како дел од договорот од Пржино не се очекува позитивна оценка.

Ванхауте вчера соопшти дека нема договор но имало мал напредок и оти засега нема нов термин за преговори.

Останува да чекаме до утре за одржувањето на априлските предвремени избори.

Слично

Поврзани вести