Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој плати 350.000 евра за лиценцата на словенечки „Фруктал“?

Кој плати 350.000 евра за лиценцата на словенечки „Фруктал“?

„Фруктал Мак“ ќе плати вкупно 390.000 евра за лиценците на словенечкиот бренд „Фруктал“ и на српски „Нектар“. Податокот за вреднувањето на словенечката лиценца е доказ за тоа колку е значајно градењето бренд препознатлив по квалитет и доверба кај потрошувачите.

Скопски „Фруктал Мак“ ќе плати 350.000 евра за лиценца со која словенечкиот популарен бренд „Фруктал“ одобрува производство и продажба на негови продукти. Ова е дел од зделката меѓу заинтересирани страни во која е вклучена и српската компанија „Нектар“ која исто така е познат регионален производител на сокови.

Скопски „Фруктал Мак“ освен лиценца на словенечки „Фруктал“ ќе плати и за лиценцата на српски „Нектар“. Таа е знајачно поевтина и за нејзино користење скопската фирма ќе плати 40.000 евра.

Независната ревизија ангажирана согласно законските предиспозиции дава позитивно мислење за оваа зделка меѓу македонска, словенечка и српска компанија – сите производители на сокови.

Во најкратки црти: скопски „Фруктал“ се обврзува да купи од словенечки „Фруктал“ репроматеријали и суровини до износ од 780.000 евра, а за лиценцата и за дистрибуција и други услуги да плати до 600.000 евра.

Од друга страна македонската фирма на словенечката би и продала и наплатила полупроизводи во вредност до 430.000 евра и репроматеријали и суровини до износ од 40.000 евра.

Истовремено од српски „Нектар“ скопски „Фруктал“ би купил суровини и репроматеријали во вредност до 1,2 милиони евра, а за дистриуција би платил до 65.000 евра.

Од друга страна „Нектар“ од скопски „Фруктал“ би купил сокови и исрупи до 50.000 евра, полупроизводи до 200.000 евра и отпадна амбалажа до 10.000 евра.

Вкупната вредност на зделката може да изнесува до 5,4 милиони евра, а со кредит од словенечката фирма скопски „Фруктал“ би можел да покрие 2 милионие евра.

Повеќе детали за оваа зделка може да прочитате на следниот линк SEI Net V

Ревизорите даваат препорака до малите акционери на „Фруктал Мак“ од Скопје да гласаат за зделката затоа што утврдиле дека зделката е по пазарни услови и во согласност со законските прописи во земјава.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести