Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ПЛАТИ 160 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА ЗК ПЕЛАГОНИЈА БИТОЛА - помина блок трансакција од 161 илјади евра

КОЈ ПЛАТИ 160 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА ЗК ПЕЛАГОНИЈА БИТОЛА - помина блок трансакција од 161 илјади евра

Берзата извести дека денеска поминала блок трансакција со акциите на ЗК Пелагонија Битола, при што е продаден и купен пакет од 1,63 проценти од акциите на ова акционерско друштво. 

Продадени се вкупно 3.300 акции, по цена од 3.000 денари по акција, или вкупната вредност на зделката е 9,9 милиони денари, односно 161 илјади евра.

Номиналната вредност на овие акции е 70,21 евро. 

Последната трансакција на редовниот пазар со овие акции е направена на 31 јули годинава, и тогаш се продала количина од 27 акции, по цена од 3.616 денари за акција. 

Најголем акционер во ЗК Пелагонија Битола е градежното претпријатие Софија Градба, кое поседува 22,69 отсто, а сопственици се и Златко Пирузе, Цветан Панделески, Дејан Панделевски, друштвото Агроинвест, како и Снежана Георгиевска. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести