Кој плаќа најмногу камата на банките?
„Арчелор Митал“ ХРМ, „Макпетрол“, земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, „Макстил“ и „Топлификација“ се компаниите кои во првите девет месеци годинава имаат најголеми финансиски расходи, покажуваат нивните официјални податоци објавени на берзата.
Во ставката финансиски расходи најзначајно, доминантно или целосно учество имаат расходите што компаниите ги имаат за камати за нивните заеми и кредити спрема банките во земјава. Според достапните податоци овие пет компании имаат финансиски расходи од 6,85 милиони евра за девет месеци што значи дека најголем дел или сите пари завршиле во банките за отплата на нивните кредити.
Слично
