Кој отстрани над 100 знаци меѓу македонската и грчката граница?
Полицијата во Грција на северозападниот дел на земјата, наведе дека 105 гранични знаци се отстранети во ноќта меѓу четвртокот и петокот долж 13 километри на границата.
За случајот е покрената истрага, пренесува Асојшед Прес.
Атина и Скопје постигнаа договор во јули за решавање на спорот за името. Со тоа Македонија ќе го промени името во Република Северна Македонија, за да се разликува од грчката провинција Македонија. Ова е во согласност со Договорот од Преспа.
Полицијата во градот Лерин соопшти дека некој на своја рака поставил 105 бетонски маркери, некои од нив во форма на пирамиди од околу еден метар и некои помали цилиндри. Полицијата ги открила помеѓу четврток и петокот. Случајот се истражува.
Слично
