Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој од соседите ќе пречека 10 милиони туристи?

Кој од соседите ќе пречека 10 милиони туристи?

Бугарија ќе пречека 10 милиони туристи годинава и летото ќе го заврши со 8,5% раст.

„Бугарија ќе пречека околу 500 000 туристи повеќе,  достигнувајќи до 10 милиони за целата година во земјата" - вели Румен Драганов од Институтот за анализи и проценки во туризмот.

Тој објаснува дека во услови кога има напади во Турција и во Франција, Бугарија е сигурна земја за туристите. Вели дека бугарскиот туризам годинава ќе победи.

„Турција ќе загуби оваа година 15 милиони туристи. Од 36 милиони ќе падне до 20 милиони, а  Франција се задржува на 81 милиони туристи. Од германскиот пазар имаме дуплирање на чартер програмата. Од Русија интересот е многу голем - 35% раст, а од Централна Европа, Полска, Чешка, Унгарија, имаме 60% раст од првичните записи“ - додава Драганов.

Сепак тој потврдува дека успехот ќе биде не поради подобрување на бугарскиот туризам, туку поради геополитичките случувања.

Слично

Поврзани вести