КОЈ ОД МИНИСТРИТЕ ШТО ПОСЕДУВА: Треба да се достават анкетните листови!
Истекува рокот во кој министрите од новата Влада треба да ги поднесат анкетните листови за имотот што го поседуваат. Голем дел од нив тоа сеуште не го сториле, иако имаат рок од 30 дена од стапување на функција, а со оглед дека беа назначени на први јуни, на располагање имаат уште еден ден.
За дел од министрите, и претходно ги имаше анкетните листови, бидејќи беа избрани пратеници или пак беа во техничката влада, па со тоа нивните податоци беа објавени. Сега само ја имаат внесено новата функција и промените на имотната состојба што во меѓувреме е направена. Но, поголем дел од министрите сеуште не ги доставиле податоците за својата имотна состојба.
Министерот за економија Крешник Бектеши поседува имот вреден 2 милиони евра. Кичево, Приштина, но и во Каваја во Албанија и како и Базел во Швајцарија се местата каде семејството на Бектеши поседува недвижен имот. Освен куќи и станови, семејството на министерот за економија поседува и земјоделско земјиште, градежен простор, како и деловен простор. Бектеши на негово лично име им и три автомобили Мерцедес Бенз 2012, Хјундаи туксон 2015 и Голф 4.
Близу 440 илајди евра вреди имотот на министерката без ресор, Зорица Апостолска. Апостолска во Владата доаѓа како кадар на НСДП.
Поседува куќа и стан во Скопје, но и куќи во Ресен и Ростуше. Во нејзиниот анкетен лист е наведено дека има два автомбили форд фокус и поло фолксваген. Има штедни влогови на нејзино име, на име на сопругот и децата. А месечно, по 200 евра добива и од кирија за станот што го издава.
Министерот без ресор, Едмонд Адеми, има имот од околу 30 илјади евра. Нема куќа, ниту стан. Но, наведува дека има преддоговор за купување на недвижен имот од 28 илјади евра, но не е наведено каква недвижност се купува. Адеми поседува автомбил Рено Меган од 3.000 евра, и штедна книшка од 25.500 евра.
Имотот на вицепремиерот Бујар Османи вреди 190 илјади евра, но Османи има и кредити од околу 90 илјади евра. Пријавил дека има куќа и два автомбили, Ауди А6 и Опел Корса. Неговата сопруга прима плата од 25 илјади денари, а пензијата на еден од неговите родители изнесува 17 илјади денари.
Васе Доневски, генерален секретар на Владата има имот од околу 90 илајди евра. Поседува куќа, стан, гаража и плац во Скопје. Од автомобил има Даеву Матиз. А дел од имотот се акции и пари на штедни книшки.
Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, има имот вреден 210 илјади евра, а на почетокот на годинава си купил нов автомобил Рено Клио. Во анктениот лист, на име на неговото семесјтво пријавил куќа, земјоделско земјиште, двор и пасиште во Крива Паланка, додека на негово име има кредит од 10 илјади евра.
Дамјан Манчевски, кој е министер за информатичко општество и администрација, поседува имот од околу 25 илјади евра, но има и кредит од 14.000 евра. Мначевски не поседува ниту куќа ниту стан, но поседува градежно земјиште. Вози Сеат Алтеа од 2010 година и има пари на штедните книшки на сопругата и децата.
С.Н.