Кој нуди подобри мерки за вработување на младите лица, СДСМ или ВМРО ДПМНЕ?
Мерките за вработување се дел од адутите со кои ВМРО ДПМНЕ и СДСМ планираат да ги освојат гласовите на граѓаните на претстојните парламентарни избори. Двете партии нудат модели и мерки кои треба да озвозможат помала невработеност, а поголема вработеност.
Мерките за вработување на ВМРО ДПМНЕ
ВМРО–ДПМНЕ на дело покажа како треба една Влада да се справува со најголемиот проблем на граѓаните, а тоа е невработеноста.Во претходниот мандат, на крајот од 2013, за првпат во историјата на независна Македонија се урна психолошката бариера од 30% и стапката на невработеност се намали на историски најниско ниво од 28,6% . Стапката на вработеност во К4 2013 година изнесува 40,9% што е исто така највисока стапка од 1996 година, пишува во Програмата на ВМРО ДПМНЕ
Еве дел од мерките на ВМРО ДПМНЕ за зголемување на вработеноста
Во делот на мерките за подобрување на состојбата на пазарот на труд ВМРО ДПМНЕ потенцира дека ќе донесе Национална стратегија за вработување 2015- 2019 во која политиките на пазарот на трудот ќе ги следат насоките дефинирани во Европската економска стратегија – „Европа 2020“. ВМРО ДПМНЕ најавуваат отворање на нови 64.00 работни места.
Од ВМРО ДПМНЕ ветуваат зголемување на минималната плата во следните три години, што ќе се реализира од март годинава до март 2016 година, кога минималната плата ќе достигне 10.080 денари.
- Во кожарската и во текстилната индустрија, минималната плата ќе се изедначи со другите дејности во 2018 година. Работодавачите ќе бидат обврзани да ја зголемат минималната плата, за што ќе се вршат редовни контроли, а предвидени се и казни за непочитување на законот, пишува во Програмата.
Еден од адутите на партијата е вработувањето на млади лица. Во овој дел партијата најавува ослободување на работодавците од плаќање придонеси од задолжителното социјално осигурување за младите лица до 29 години
- Вкупните ослободувања за работодавачите изнесуваат: 27 % по основ на социјалните придонеси и 10% персонален данок на доход, односно ослободување од 37%.Обврска на работодавачот е да го задржи лицето на работа дополнителни 12 месеци, пишува во Програмата
Во овој дел партијата најавува Оперативен план за активни мерки и програми за вработувања на малди 2015-2016 година. Оперативниот план предвидува субвенции за работдавците кои ќе вработат млади лица, програма за самовработување, практиканство на млади лица.
- Со Програма за самовработување со кредитирање на млади лица на сите млади лица до 29 години кои сакаат да се самовработат ќе им се обезбеди можност за подигање кредит во износ од 7.000 евра со грејс период од 18 месеци и период на враќање од 66 месеци,пишува во Програмата.
Во делот посветен на мерките за зголемување на вработеноста, ВМРО ДПМНЕ најавува проект за самовработување “ Од идеја до бизнис“ и формализација на постојни бизнис со непровратни средства одосно грант од 3.000 евра за секој новорегистриран бизнис.
- Програмата ќе се реализира преку обука на невработени лица за претприемништвото, изготвување на бизнис планови, помош при регистрација на сопствен бизнис и финансиска поддршка за започнување и/или формализација на бизниси на евидентирани невработени лица. Досега преку оваа мерка беа вработени 5.806 лица, а за 2014 година планирани се 950 нови вработувања, пишува во Програмата.
Една од мерките во делот на вработувањето е вработувања на самохрани родители, деца без родители, родеители на деца со посебни потреби ,лица од 50-62 години и лица на кои работниот однос им престанал поради стечај или ликвидација на фирмата.
- Се предвидува субвенционирање на вработување за секое лице за
бруто-плата во износ од 13.000,00 денари месечно за период од 6 месеци. Работодавачот има обврска лицето да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци (вкупно 18 месеци). Во 2014 година ќе бидат опфатени 587 невработени лица од евиденцијата на активни баратели на работа на АВРМ, пишува во Програмата
ВМРО ДПМНЕ потенцира дека во насока на зголемувањето на вработеноста, ќе овозможи обука на невработени лица кај работодавач за период од 3 месеци со финансиска поддршка од 5.700 денари и субвенција за вработување за период од 3 месеци во износ од 13.000 денари со обврска за работодавачот да го задржи лицето на работа дополнителни 6 месеци. Понатаму во делот за вработување ВМРО ДПМНЕ најавува субвенционирање на вработување на инвалидни лица, субвенционирање на вработување на социјални случаи, на деца без родители, субвенционирање на вработување на млади лица до 29 години. Во Програмата се предвидени обуки кај познати работодавци, обука за задоволување на побарувањата на занимања на пазарот на труд, едукација за започнување на бизнис, финансиска поддршка за правни субјекти за отворање на нови работни места во мали и средни претпријатија и во занаетчиски служби. ВМРО ДПМНЕ најавува организирање на форуми со работодаците, дисперзирани канцеларии на центрите за вработување, инфо-средби со млади, надоградување на системот односно веб страната на Агенцијата за вработување.
Политики за вработување на СДСМ
Невработеноста е еден од најкомплесните и најгорливи проблеми со кој се соочуваат граѓаните на Република Македонија. Владата на ВМРО ДПМНЕ се обиде со административно бришење на невработените од списокот на Агенцијата за вработување, и постојани партиски вработувањата во јавниот сектор, да создаде впечаток дека невработеноста се намалува. Според анализите на ИЛО, околу 180.000 лица се невработени 4 и повеќе години, стои во Програмата на СДСМ .
Еве дел од мерките на СДСМ за зголемување на вработеноста
Во Програмата се наведува дека политиката на вработување ќе се базира на два столба: забрзан економски развој и активни мерки на пазарот на работна сила. СДСМ ветува дека приоритет ќе биде поттикнувањето на отварање на нови работни места, пред сè, во приватниот сектор и стимулации за отпочнување на сопствен бизнис.
Еден од адутите и на СДСМ е вработувањето на младите лица.
- Прв и најзначаен е проектот “Гаранција за млади“. Тоа е комплексен проект кој ќе овозможи секој млад човек да добие понуда за вработување, можност да гопродолжи образованиетопракса или тренинг за подготовка за вработување во период од 4 месеци. Идната влада на СДСМ ќе изгради Фонд за финансирање на проекти кои ќе ги поврзуваат приватните претпријатија со научните институции, пишува во Програмата.
Во делот на мерките за вработување на млади лица и невработените СДСМ најавува финансирање на обука за млади лица и невработени,ослободување од плаќање на социјални придонеси сите работодавачи кои ќе обезбедат прво вработување на млади лица до 29-годишна возраст, субвенционирање на вработувања на невработени млади, Програма за парктиканство, Летна пракса која ќе обезбеди поддршка за работодавачи кои ќе овозможат пракса за студенти во текот на летните месеци.
- Ќе обезбедиме финансиска поддршка за проекти кои ќе обезбедат вработувања на млади во помалите градски или селски средини, каде е многу потешко да се најде работа. Ќе го субвенционираме јавниот транспорт за сите невработени млади лица до 29 години, пишува во Програмата.
СДСМ потенцира дека минималната плата ќе изнесува 10.000 денари, и најавуваат дека ќе го укинат преодниот период на усогласување на минималната плата во одделите со најниски просечни плати.
Една од мерките за намалување на невработеноста е посветена на жените.
- Ќе обезбедиме директна парична помош за обука за повторно работно активирање на жени по породилното отсуство. Ќе обезбедиме заштита на бремените жени работнички,ќе направиме разграничување на забраната за прекувремена и ноќна работа, со целосна забрана за ноќна и прекувремена работа на бремени работнички, а релативна забрана за ноќна и прекувремена работа за мајки со деца до 6-годишна возраст, како и мајки кои се грижат за деца со посебни потреби, пишува во Програмата.
Во делот на мерките за долгорочно невработени лица, СДСМ најавува формирање месни центри за активирање на долгорочно невработени лица, преку различни видови на општествено корисна работа, зајакнување на Агенцијата за вработување, обуки за специфични вештини.
- Ќе спроведеме проект за финансиска и практична поддршка за мобилност на работната сила. Во рамки на овој проект ќе се доделуваат финансиски средства на невработени лица, кои ќе најдат ново работно место во место оддалечено од местото на живеење. Ќе го зголемиме бројот на корисници и на средства кои се издвојуваат за активните мерки за вработување во приватниот сектор и ќе ги поедноставиме процедурите. На крајот од четвртата година, за активните мерки за вработување во приватниот сектор ќе се издвојуваат 30 милиони евра, пишува во Програмата.
СДСМ наведува дека ќе се обезбедат финансиска поддршка во износ од 70% од просечна плата за период од една година, со обврска работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 2 години, мерка која ќе важи за оние кои се невработени повеќе од 6 месеци, родители на деца со посебни потреби, многудетни семејства, лица жртви на семејно насилство, самохрани родители, лица со хендикеп, лица над 50 години, лица кои останале без работа поради на стечај на фирмите или деловни причини.
Од партијата најавуваат иновативни мерки на пазарот на труд.
- Ќе спроведеме проект наречен „Работа по мерка“, кој ќе опфаќа нетрадиционални и современи форми на вработување, како времено вработување, скратено работно време, договорени форми на работа. Ќе спроведеме проект за „outsourcing“, кој ќе опфаќа поддршка за посетување на курсеви за преквалификација, пишува во Програмата.
Дел од мерките се насочени во однос на регулирање на работничките права,зголемување на надоместот на плата во случај на боледување на 85%, зголемување на периодот на исплата на паричен надоместок во случај на технолошки вишок од 18 месеци на 3 години, засилување на заштитата при работа на најризичните работни места.
Ј.С

Слично