Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој нема навреме да достави елаборат, го губи правото за легализација на дивоградбата

Кој нема навреме да достави елаборат, го губи правото за легализација на дивоградбата
Со последните измени на Законот за легализација, ако  во рок од 18 месеци од влегувањето во сила граѓаните и фирмите не достават геодетски елаборат ќе го изгубат правото за легализација, предупредува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Министерот заедно со ЗЕЛС ги  повика општините што поскоро да постапат по предметите со барања за легализација на дивоградбите, а граѓаните и фирмите да ја комплетираат документацијата.  Според Јанакиевски, еден од проблемите со кој се соочува процесот на легализација е непостапените предмети од страна на општините чија  бројка на изнесува околу 100.000, додека на ниво на Македонија решени се околу 40 илјади предмети. На средбата со ЗЕЛС тој истакна дека градоначалниците се обврзале, па сите општини ќе добијат препорака до 1 јануари да ги отворат сите предмети. „Очекувам до 1 јануари да бидат отворени и решени сите предмети на граѓаните и доколку фали некој документ странката да се информира за тоа, а граѓаните што е можно побрзо да изготват геодетски елаборат, бидејќи периодот од 18 месеци многу бргу ќе помине. Да не чекаме како претходните случаи последен ден за изготвување геодетски елаборати“, рече Јанакиески и побара граѓаните да не го чекаат последниот ден и уште од утре да се упатат до компаниите кои изготвуваат геодетски елаборат. Во процесот за легализација на дивоизградените објекти по едно евро за метар квадратен беа доставени 353 илјади барања.
Слично

Поврзани вести