Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој не исплаќа плати ќе оди во затвор!

Кој не исплаќа плати ќе оди во затвор!
Социјално-економскиот совет при српското Министерство за работа и социјална политика предложи воведување на закон кој неисплаќањето плати ќе го третира како кривично дело, законот би важел за оние кои доцнат со плата повеќе од 3 месеци. -Работодавецот може кривично да се гони само доколку не ги исплатил средствата со цел да ги присвои за себеси. Секако, не можат да се гонат оние кои не се во состојба да ги наплатат побарувањата и немаат од каде да ги подмират долговите кон работниците”, велат од советот. Како што пренесува Б92 од Министерството се подготвени да ја поддржат секоја иницијатива за заштита на правото на работниците во Србија. Во Хрватска од 1-ви јануари годинава веќе е на сила ваков закон, според кој е  предвидена казна од 3 до 5 години.  
Слично

Поврзани вести