Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој наш прволигаш од продажба фудбалери заработи 190.000 евра?

Кој наш прволигаш од продажба фудбалери заработи 190.000 евра?

„Работнички“ лани, според финансиските извештаи на независната ревизија, заработил 190.000 евра од регистрација на играчи (нивна продажба или позајмици). Иако е тој износ 2,5 пати понизок од износот што по тој основ го наплатиле 2022 година сепак „Работнички“ со ова го потврдува своето место на една од најдобрите фудбалски школи во Македонија.

Очигледно дека не е се толку лошо и црно во нашиот фудбал иако, мора да се признае дека, само една ластовица не може да ја донесе пролетта која сите љубители на македонскиот фудбал толку жедно ја очекуваат.

„Работнички“ фудбалскиот клуб од скопско Дебар Маало кој воедно е градска гордост на скопјании особено на тие од централното градско подрачје, лани успеал да заработи 190.000 евра од продажба или позајмување на свои фудбалери. Ова за стручната јавност и не е неочекувана вест. Затоа што се знае дека традиционално години наназад „Работнички“ ја има една од најдобрите па и најуспешни младински школи во Македонија. А податоците од извештајот на независните ревизори го потврдуваат тоа.

Овој клуб лани остварил приходи од регистрација на фудбалери (продадени или дадени на позајмица) во вкупен износ што надминува 190.000 евра. Во споредба со претходната година (2022 година) овој извор на приходи е помал за 2,5 пати. Но и со такво намалување оваа ставка е втор најголем извор на приходи за „Работнички“. Најмногу пари „Работнички“ лани прибрал од донациите кои лани изнесувале 264.000 евра. Од солидарните фондови на УЕФА „Работнички“ лани добил 116.000 евра. И тоа се 99% од сите приходи на овој македонски прволигаш лани.

Во меѓувреме „Работнички“, кој е и најстар градски клуб кој континуирано постои 87 години, смени сопственик и клубот сега го поседува македонската филијала на турската голема градежна компанија „Џевахир“. За откуп на акциите на „Работнички“ македонската филијала на турската компанија плати 600.000 евра. 

Финансиските податоци достапни во извештајот на независната ревизија покажуваат дека „Работнички“ лани годината ја завршил со загуба во работењето од 318.000 евра. Неговите вкупни приходи во 2023 година изнесувале 401.000 евра, а вкупните расходи биле 719.000 евра.

Најголема расходна ставка за 2023 година се трошоците за вработени на кои акционерското друштво потрошило речиси половина милион евра што е околу 70% од сите расходи на фудбалскиот клуб.

Интересно е тоа што „Работнички“ во 2023 година од влезници за натпревари инкасирал само 4.000 денари, а една година претходно по истиот основ приходувал 204.000 денари.

Најголемиот успех во својата 87 годишна историја клубот од скопско Дебар Маало го доживеа во сезоната 2013/2014 година ја освои двојната крупа односно стана првак на Македонија, а истовремено го освои и Купот на Македонија. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести