КОЈ НАПРАВИ СКАНДАЛОЗНА ГРЕШКА-ФИЗИОЛОШКИ РАСТВОР МЕСТО БСЖ: Се истражува случајот во кој 600 бебиња примија солена вода
Наместо БЦЖ
вакцина, 600 бебиња на ГАК во Белград добија солен раствор, соопшти вчера новоименуваната
министерка за здравство Даница Грујичиќ.
- 600 бебиња во периодот од септември до октомври во ГАК Народни фронт добија физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина. Децата не се изложени на ризик - изјави Грујичиќ.
Вели дека децата не се загрозени, а вакцината ќе ја примат во наредниот период.
Таа посочи дека грешката ја направила медицинска сестра, како и дека директорот на ГАК „Народни фронт“ понудил оставка, но таа не била прифатена.
Министерката соопшти и дека се назначени тројца лекари кои ќе се погрижат правилно да се изврши вакцинацијата.
фото: Ало.рс
Слично
