Кој намамува млади девојки од Европа да заминуваат за Сирија?
Случајот со 15-годишната Македонка која ја променила верата и му се приклучила на муслиманското братство во Сирија не е единствен. По слична шема, џихадистите од радикалните исламистички организации на Блискиот Исток врбуваат многу млади девојки од европските земји.
Како земји за транзит најчесто се користат Австрија и Турција. Прв случај кој доби на јавност беше бегството на двете млади Босанки, Самра Кесиновиќ и Сабина Селимовиќ, кои заминаа за Сирија, а од таму испратија и пораки до нивни врснички, поттикнувајќи ги да го следат нивниот потег.
На социјалните мрежи тие постираа слики со оружје во рацете, опкружени со вооружени мажи. Полицијата во Австрија веднаш се посомнева дека тие се обидуваат по истиот пат да привлечат и други млади девојки за да заминат во џихад.
Наскоро потоа, австриската полиција во последен момент го спречи бегството на уште две девојки, на возраст од 16 и 14 години, кои исто така сакале да одат во „света војна“. Нивното заминување било спречено сосема случајно, откако родителите на трето девојче кое требало да патува со нив, откриле дека нивната ќерка пакува премногу работи за краткото патување на кое требало да оди. Се посомневале, а своите сомнежи и ги откриле и на полицијата.
И полициските служби во западно-европските земји немаат премногу информации за мрежата која ги врбува и ги радикализира тинејџерките и го организира нивното патување до Блискиот Исток. Рутата на сите е иста - од некоја од европските земји, преку Турција, во Сирија.
Австрискиот министер за внатрешни работи Александер Мараковиц вели дека е забележан се поголем проблем со млади лица кои сакаат да ја напуштат Австрија со истите мотиви. „Ако можеме да ги фатиме пред да заминат, имаме шанса да работиме со нивните родители и со други институции, да ги извлечеме овие тинејџери надвор од сферата на влијание која ги поттикнала да постапат вака. Но, откако еднаш ќе ја напуштат земјата, дури и ако се премислат, речиси е невозможно да се вратат назад“, вели Мараковиц.
Светските медиуми неделава објавија дека едно од двете девојчиња од Босна кои стана предводнички на ваквиот требд загинало во Сирија. Нема потврда за кое од двете девојчиња се работи и австриските власти се уште се обидуваат официјално да ја потврдат информацијата.
Нивниот мотив за заминување во радикалните исламски структури не е познат, но пред да избегаат тие биле во контакт со чеченски државјани и посетувале џамија во Виена.

Слично