Кој најмногу ги трие рацете од падот на цената на нафтата?
Најголеми губитници од ниските цени на нафтата и нивното интензивно опаѓање ќе бидат Саудиска Арабија, Русија и Обединетоте Арапски Емирати, а ниската цена на црното злато најповолно ќе се одрази врз Филипините, се неврдува во анализата на „Oxford Economics“, која во своето истражување ги опфатиле економиите на 45 држави.
„Доколку цената на нафтата падне под 39 долари за барел, би можеле да очекуваме и понатамошно опаѓање до 30 долари“, смета главниот технички стратег на брокерската компанија „ICAP“ од Џерси сити, Валтер Цимерман, кој прогнозираше пад на цената на нафтата во 2014 година, пренесува „Тпортал“ кој се повикува на агенцијата „Блумберг“.
Според неговите зборови, цената на нафтата ќе се формира врз емоционална одлука, а според односот понуда – побарувачка. Увозниците на нафта, кои најмногу ги има во развиените земји, но и во земјите со забрзан развој, ќе имаат корист поради намалувањето на трошоците за гориво, додека извозниците ќе останат со намалени приходи.
За извозниците на нафта кои немаат силни фискални правила, притисоците врз буџетот и валутата би можеле да бидат многу силни, што пак би можело да доведе до раст на инфлацијата како и понатамошна депрецијација на нивните валути, оценува Цимерман.
Слично
