Кој на Хрватите лани им донесе 2 милиони туристи ?
Преку патничките агенции во Хрватска на повеќе дневни патувања лани дошле речиси два милиони странски туристи.
Тие оствариле 13,3 милиони неќевања, што е 4, односно 3 одсто повеќе во однос на 2014 покажаа податоците на Државниот завод за статистика на Хрватска.
Се работи за податоци од годишното истражување на ДЗС на бројот и промет на патнички агенции, кои во Хрватска лани работеле 1053 со вкупно 4770 вработени од кои 2930 за постојано.
Од вкупниот број на странски туристи кои во Хрватска лани дошле преку домашните агенции, најмногу се 27,3 одсто или 546,4 илјади биле од Германија, што е 8 одсто повеќе од 2014, а Германците оствариле и најмногу „агенциски“ ноќевања, 31,5 посто или 4.200.000, што е 9,3 одсто повеќе.
Сите останати странски туристи во делот на странски ноќевања со посредство на агенциите оствариле значајно помал дел од Германците, под 10 одсто, па така на второ место со удел во странски ноќевања од 9,8 одсто се туристите од Обединетото Кралство, а трети се Италијаните, со удел од 6,6 одсто. Следат Чесите со 6,4 одсто агенциски странски ноќевања, Австријците и Полјаците со по 6 одсто, Словенците со 4,5 одсто и Французите со 4 одсто.
Извештајот покажува и дека од тие први осум пазари, со Германците, пораст на ноќевањата со посредство на агенции оставриле уште Словенците, Британците и Австријците, додека останатите оствариле пад на ноќевањата, од кои најмногу од 17, односно 10 посто од Французите и Полјаците.
Најголем пад на ноќевањето преку домашни агенции е забележан пак од рускиот пазар, од дури 54 посто. Притоа со посредство на агенции лани дошле 51 одсто помалку Руси отколку година претходно, односно дури 18,2 илјади од нив.
Странските туристи во агенциските аранжмани во Хрватска лани најмногу ноќевале во хотели и хостели, нешто повеќе од 45 одсто од нив, потоа во семејни сместувања околу 40 одсто од нив, додека останатите бирале друг вид на сместување (кампови, туристички населби и слично).
