Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој може да ја запре трговската војна?

Кој може да ја запре трговската војна?

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер по средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, може да помогне да запре трговската војна со ЕУ. 

И двете страни изгледаат подготвени за ескалација на тензиите, информира ДПА.

Јункер ќе го посети Вашингтон денеска со надеж да спречи вистинска трговска војна, а ЕУ  уште подготвува контрамерки, во случај Вашингтон да внесе дополнителни тензии во ситуацијата.

Во јуни, Трамп ги зголеми увозните давачки за производите од челик и алуминиум од ЕУ, што ја принуди Унијата да реагира со контра-мерки, зголемувајки ги увозните давачки за американски стоки за 3 милијарди долари. Тие вклучуваат путер од кикирики, виски и мотоцикли „харли Дејвидсон“. Овие мерки можат да се покажат само почетен маневар во една поголема трговска војна, ако Трамп ја исполни својата закана да ги зголеми царините и за автомобилскиот сектор.

Јункер најверојатно ќе понуди  мултилатерална секторска спогодба, за да се намалат царините во автомобилскиот сектор, според дипломати од ЕУ. Покрај ЕУ и САД, овој договор може да опфати земјите како Јапонија, Кина, Јужна Кореја и Мексико.

Слично

Поврзани вести