Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој мисли дека е стечаец, нека се пријави – Владата нема да прави список на фирми

Кој мисли дека е стечаец, нека се пријави – Владата нема да прави список на фирми
Владата нема да изготвува список на фирми во стечај чии работници ќе можат согласно закон да користат паричен надомест од 7.100 денари до пензионирање или повторно вработување. Од таму апелираат стечајците да не чекаат список, туку самите да се пријават веднаш во Агенцијата за вработување, доколку сметаат дека имаат право на ваков надомест. Нивните пријави потоа ќе се анализираат и на нив ќе се одговори. „Списокот на компании би можел да го стесни бројот на стечајци кои ќе се пријават да побараат пари. Оние кои мислат дека го исполнуваат условот, нека се пријават“, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Роковите течат, а стечајците кои нема да се пријават до крајниот рок кој истекува на 22 март, во целост ќе го изгубат правото на надомест. За пријавување во Агенцијата за вработување е потребна само лична карта.
Слично

Поврзани вести