Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ЛАЖЕ, А КОЈ ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА ЗА ГАСОТ - Песков вели причина се санкциите, а Гаспром бара Сименс да ја поправи опремата

КОЈ ЛАЖЕ, А КОЈ ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА ЗА ГАСОТ - Песков вели причина се санкциите, а Гаспром бара Сименс да ја поправи опремата

Според Гардијан, официјален Кремљ и Гаспром даваат сосема различни причини за тоа што гасот речиси една недела не минува низ гасоводот Северен тек 1 кон Европа.

Вчера, Дмитриј Песков, портпаролот на Владимир Путин, им изјави на новинарите дека „санкциите што на нашата земја и ги наметнаа западните земји, вклучително и Германија и Обединетото Кралство“ се виновни за прекинот на испораката на гас преку гасоводот „Северен тек“.

„Нема други причини кои би предизвикале проблеми со испораката на гас“, рече Песков, а пренесува руската прорежимска агенција Интерфакс.

Меѓутоа, истиот ден, заменик-шефот на управата на рускиот Газпром, Виталиј Маркелов, даде сосема друга причина - проблеми со одржувањето. Тој рече дека гасот нема да тече низ Северен тек 1 додека германската компанија Сименс енерџи не ја поправи опремата.

„Прашајте го Сименс. Тие прво треба да ја поправат опремата“, рече Маркелов на маргините на Економскиот форум во руското пристаниште Владивосток во Пацификот на прашањето кога гасот повторно ќе почне да тече низ Северен тек 1.

А од Сименс претходно изјавија дека тој дефект не е причина за да нема проток на гас од Северен тек 1.

Слично

Поврзани вести