Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој купува акции во НЛБ банка?

Кој купува акции во НЛБ банка?

 Абдулменаф Беџети и Дамир Кудер купиле акции во НЛБ Банка АД Скопје. Ова станува јасно од известувањето на банката преку Македонска берза.

Имено, Абдулменаф Беџети кој е член на Надзорниот одбор купил  288 акции на Банката.

Дамир Кудер пак е член на Управниот одбор и се стекнал со 47 акции.

Колку милиони евра добивка направи НЛБ Банка за 90 дена?

Огромниот скок на останати приходи од дејноста е главна причина за тоа што добивката по оданочување од јануари до март годинава порасна за 69 отсто во однос на првиот квартал лани. Ова е одлична вест за малите акционери кои мора да знаат и дека банката го намали кредитирањето во првите три месеци годинава за 15 милиони евра, а депозитите на коминентите се намалени за 25 милиони евра

НЛБ Банка Скопје има одличен квартал кога се гледа билансот на успех! Првите три месеци годинава таа банка оствари добивка од 967,4 милиони денари односно 15,65 милиони евра, покажуваат податоците од кварталниот извештај објавен на берзата. Ова значи дека просечно дневно НЛБ Банка правела профит од 10,75 милиони денари односно околу 174.000 евра!!!


Слично

Поврзани вести