Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ КУПИ АКЦИИ НА „МАКПЕТРОЛ“ ЗА 103 ИЛЈАДИ ЕВРА И ПРИТОА ДОБИ И „БЛАГ ПОПУСТ“ - блок трансакција со нафтената компанија

КОЈ КУПИ АКЦИИ НА „МАКПЕТРОЛ“ ЗА 103 ИЛЈАДИ ЕВРА И ПРИТОА ДОБИ И „БЛАГ ПОПУСТ“ - блок трансакција со нафтената компанија

Блок трансакција со акциите на најголемиот нафтен дистрибутер во земјава, „Макпетрол“, се случи вчера на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Не станува збор за голем пакет акции, или прецизно, на Берзата за однапред познат купувач беа продадени 61 акција на „Макпетрол“, по цена од 104.000 денари за акција. 

Или, вкупно купувачот на овие акции за нив плати сума од над 103 илјади евра.

Не се знае кој ги купи овие акции, но она што е факт, е дека купувачот добил благ „попуст“ во врска со цената на алциите кои ги купил, бидејќи на редовниот пазар тие вчера се продавале поскапо, односно за цена од 106.220 денари по акција, додека, пак, завчера нивната цена изнесувала 106.844 денари по акција. 

Но, годинава имаше и денови кога цената на акцијата беше на ниво од 99 илјади денари, а таа ниска вредност беше на 5 февруари оваа година. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести