Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој купи 1.000 акции во ТТК Банка и го експлодираше прометот?

Кој купи 1.000 акции во ТТК Банка и го експлодираше прометот?

ТТК банка минатата недела беше во центар на инвеститорското внимание а нејзината акција беше четврта најтргувана акција според остварениот промет на сегментот берзанска котација на Официјалниот пазар.

Претседателот на Надзорниот одбор на ТТК банка Глигорие Гоговски, се стекна со 1.000 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје и токму тој ден беа истргувани 9.000 акции на таа банка.

17,66 милиони денари изнесуваше нејзиниот промет а акцијата се тргуваше во маргина од 880 до 900 денари за акција.

Убедливо најголем промет оствари во петокот на 8 јуни кога беа истргувани 9.035 акции со право на глас што е повеќе од половина од реализираниот промет.

Слично

Поврзани вести