Кој ќе стопанисува со грчките аеродроми?
Грција даде повеќе аеродроми под концесија.
Ова се однесува на аеродромите во Солун, Миконос, Санторини, Родос, Крф, Закинтос, Кефалонија, Кос, Лезбос, Скијатос, Самос, Самос, Кавала и Лефкада.
Германскиот конзорциум „Фрапорт“ зеде под концесија на 40 години 14 грчки аеродроми, што е еден од клучните елементи во рамките на програмата за помош на земјата.
Грчката Агенција за приватизација информира дека франкфуртскиот конзорциум уплатил 1,23 милијарди евра и дека дополнителниот приход за Грција од четириесетгодишната концесија ќе биде уште околу 10 милијарди евра.
Европската комисија ја одобрила оваа спогодба затоа што таа не подразбира помош на државата, транспарентна е и во согласност со пазарните услови.
Слично
